Поранешниот возач во Ф1, Марк Вебер, ја опиша ситуацијата во која се наоѓа Фернандо Алонсо како „апсолутна пародија“. Шпанскиот возач во Мекларен сезонава доживува целосен неуспех со британскиот тим поради константните проблеми со моторите на Хонда. Според Вебер тоа е недозволиво за возач од калибарот на Алонсо.
„Тоа е целосна загуба и апсолутна пародија. Алонсо е на крајот на стартната линија, вози неконкурентен болид, но и покрај тоа се претставува феноменално. Мислам дека неговата вредност никогаш не била повисока, особено после тоа што го напарави на Инди кар 500, но најмногу поради работите што ги прави за Мекларен. Слушам дека многу луѓе го фалат начинот на кој Алонсо се снаоѓа до испаѓањето од трките“ – вели Вебер.
На прашањето каде смета дека ќе биде иднината на Алонсо и за кој тим ќе вози Шпанецот наредната сезона, Вебер смета дека Мекларен ќе има предност доколку му понудат подобар болид.
„Ајде прво да видиме со каков мотор ќе биде Мекларен. Ако успеат да го задржат во текот на зимата и да го убедат дека догодина ќе може да победува, тогаш ќе остане таму“ – претпоставува Австралиецот.
Подобри денови за Алонсо сигурно не може да се очекуваат викендов во Азербејџан, откако Шпанецот беше казнет со дури 40. места, па утрешната трка во Баку ќе ја стартува како последнопласиран.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА