Вечер на домаќините во кошаркарската Евролига

Четири натпревари и четири победи на домашните екипи вечерва во кошаркарската Евролига. Најнеизвесно беше на дуелот Макаби – Дубаи, каде што мораа да се играат продолженија во кои домаќините на неутрален терен во Белград славеа триумф од 104-100, откако регуларниот дел заврши 88-88.

Во дополнителните пет минути, Макаби успеа да дојде до повеќе поени од противникот и да стигне до триумф. Најефикасен кај Макаби беше Кларк со 23 поени, додека кај Дубаи блескаше Рајт со 26 поени.

Баерн Минхен без Ненад Димитријевиќ славеше триумф над Асвел со 93-83. Домашните го потврдија триумфот во вториот дел, откако по првиот имаа негатива од три поени.

Џесуп беше најсефикесн со 17 поени, додека Траоре кај Асвел беше најдобар со 14.

Милано немаше проблеми во дуелот со Виртус, и славеше со 103-87, додека Реал Мадрид на домашен терен беше подобар од Анадолу Ефес со 82-71.

Се вчитува...