Вечерва во Палермо се случи чудо. Македонија е творец на тоа чудо, елиминирајќи ја Италија, четирикратниот светски првак и актуелен европски шампион. Италија е во солзи, а Македонија во еуфорија.
Александар Трајковски во 92. минута ја фрли во очај италијанската репрезентација и целата јавност која не може да се соземе од шокот и од помислата дека втор Мундијал по ред нема да се бори за пехарот.
Селекторот Манчини најави дека не само што целта е пласман на Мундијал, туку и да се освои. За петтата „ѕвездичка“ ќе почека некоја друга година. Ако во меѓувреме не им се падне повторно Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА