Вечерва во Париз ќе се додели „Златната топка“, Французите тврдат дека Меси ќе биде победникот!

Вечерва во Париз ќе се додели „Златната топка“, а Французите тврдат дека Меси ќе биде победникот! Веќе добро е познато дека претходната година „Златната топка“ не беше доделена поради пандемијата со коронавирусот, а многумина сметаа дека така му се направи голема штета на Роберт Левандовски кој имаше фантастична година.

Последниот добитник на „Златната топка“ беше Лионел Меси кој истата ја освои во 2019 година и таа за него беше шеста во кариерата. Со нетрпение се очекува почетокот на церемонијата, а се смета дека Меси, Левандовски и Бензема се главни фаворити.

Меѓутоа, дел од француските медиуми уште утрово објавуваат дека Меси вечерва по седми пат ќе ја освои престижната награда. Во изминатата година Меси со Аргентина ја освои Копа Америка со Аргентина и конечно дојде до трофеј со репрезентацијата.

 

 

 

Се вчитува...