Вечниот Милош Теодосиќ е МВП на регуларниот дел од Еврокупот!

За перфектниот учинок на Болоња во регуларниот дел од Еврокупот, кој брои десет победи во низа заслужен беше српскиот интернационалец, Милош Теодосиќ чиј просек од 14.6 поени и 6.4 асистенции за помалку од 25 минути поминати паркетот му ја донесе и наградата за најкорисен играч на регуларниот дел од натпреварувањето.

Ова е втор пат плејмејкерот да го добие ова признание кое е воведно во 2017 година, откако претходната година, исто така во дресот на Болоња беше прогласен за МВП на првиот дел. Пред него оваа награда за сезоната 2017/18 замина во рацете на Скоти Вилбекин, тогашниот член на Дарушафака, додека по него таа му припадна на Пиериа Хенри од Уникс.

Се вчитува...