„Вечните“ без муниција – Јовчевски го одбрани Пелистер и од Вардар

Откако блескаше на минатиот меч против Шкендија во Тетово, голманот на Пелистер Андреј Јовчевски беше херој на својот тим во пресметката против Вардар во Битола, која заврши без голови.

„Црвено-црните“ ја имаа иницијативата и повеќе од шансите, меѓутоа на крајот не успеаја да го најдат патот до мрежата. Мечот главно мина во голема борба на средината на теренот, со многу прекини, со многу дуели, но она за кое се игра фудбалот головите ги немаше.

Во првиот дел Николов се закани во 7. минута само крај голот. Потоа следуваше и најдобрата шанса во првиот дел преку Кастањеда во 30. минута, голманот Јовчевски го почна своето „шоу“.

На самиот старт од вториот дел Данев од левата страна се обиде остро да проигра некој од соиграчите, Јовчевски расчисти. Во следната минута голманот на Пелистер спасуваше по една мешаница во петерецот.

Кастањеда во 78. минута, меѓутоа Јовчевски лесно одбрани. Последната сериозна шанса Вардар ја имаше во 95. минута преку Матиќ, но Јовчевски одново прекрасно одбрани и му донесе голем бод на својот тим.

Се вчитува...