„Вечните“ ќе платат 30.000 денари на КФСМ по дербито во „Кале“

Вечните ривали Работнички и МЗТ Скопје ќе треба да платат вкупно 30.000 денари за однесувањето на нивните навивачи на последното дерби што се одигра во СРЦ Кале.

Иако мечот мина без посериозни инциденти, во делегатскиот записник влегоа неспортското навивање, како и фрлениот факел од страна на навивачите на Работнички.

Двата тима се казнети со по 8.000 денари за неспортското скандирање на нивните навивачки групи, а „центарци“ ќе платат и дополнителни 14.000 денари (десет илјади за фрлениот факел и четири илјади за фрлање на меки предмети на терен.

МЗТ Скопје пак доби опомена поради тоа што на опремата на „металците“ за ова дерби не стоело логото на КФСМ.

Се вчитува...