Вечно дерби како некогаш: Атмосфера, добра кошарка и неизвесна завршница (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Второто вечно дерби оваа сезона ни донесе суперинтересен натпревар во СЦ „Јане Сандански“ каде по голема драма МЗТ Скопје успеа да донесе победа за „сино-белата“ страна на Скопје. АБА-лигашот кому му припадна фаворитската улога на мечот успеа да ја задржи резултатската контрола во најголемиот дел од дербито, но жилавиот Работнички преку Нотиџ и Форте се погрижи за неизвесна завршница со која сепак пресуди миранта рака на домаќините пред своите најверни навивачи.

Дуелот на вечните овој пат не беше проследен со „театарска атмосфера“, а за тоа се погрижија навивачите на двата тима. Чиста десетка за „Фемили Аеродром“ и „Сити Парк Бојс“ кои не потсетија на добрите денови на македонската кошарка.

 

Се вчитува...