Се е подготвено за стартот на новата прволигашка сезоа откако денеска беа извлечени двојки за првото коло од ПМФЛ, како и целокупниот распоред на натпреварите од македонското елитно фудбалско друштво.
Извлекувањето го извршија Горан Пандев и Агим Ибраими, а ждрепката сакаше уште во првото коло силите да ги одмерат Вардар и Пелистер, и тоа со меч во Скопје бидејќи теренот на Битола се подготвува за дуелот на нашата младинска селекција против Италија.
„Вардарци“ со големи амбиции влегуваат во новата сезона, а дербито со Пелистер ќе биде добра можност за потврда на тие амбиции.
Шампионот Шкендија во првото коло ќе го пречека тимот на Шкупи, а на самиот старт од новата сезона меѓусебен дуел ќе одиграат двата нови прволигашки, Башкими против Аресими.
Првото коло од ПМФЛ е закажано за 8 август.
ДВОЈКИ ЗА 1. КОЛО
Тиквеш – Работнички
Башкими – Аресими
Струга ТЛ – Македонија ЃП
Силекс – Академија Пандев
Вардар – Пелистер
Шкендија – Шкупи
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

