Денеска во 17:30 часот во салата „Билјанини Извори“ во Охрид, се игра финалето на Купот на Македонија, во кој играат вечните ривали Вардар и Еурофарм Пелистер.
Вардар после една година пауза ќе има можност да си го врати пехарот, и по 17-ти пат да се закити со овој пехар. Еурофарм Пелистер, пак, од далечната 2005 година, или цели 20 години чека на овој трофеј.
Вардарци изборија финале на Купот после драматичната победа во полуфиналето над Алкалоид по изведувањето на пеналите, додека Пелистер успе да го победи домаќинот ГРК Охрид и да додје во позиција да се бори за трофејот.
Се очекува во салата да има навивачи од двата тима, и се очекува вистинска атмосфера во битката за трофејот.
Вардар е најтрофеен во ова натпреварување, и има 16 пехари, додека шест има Металург. Пелистер има шанси да се искачи на второто место на вечната листа, со оглед дека има пет трофеи. Борец, Куманово, Тутунски Комбинат и Алкалоид имаат по еден трофеј од ова натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

