Веднаш по репрезентативната пауза поради настапот на националниот тим во квалификациите за СП 2026, следното 25. коло од Првата македонска фудбалска лига ќе се игра во саботен термин.
Па, и „вечното дерби“ меѓу Пелистер и Вардар во Битола на стадионот „Петар Милошевски“ ќе се игра на 29 март (сабота) со почеток од 15 часот.
Иако претходно се најавуваше можноста пресметката да се игра под рефлектори во вечерен термин, на крај ќе се игра од 15 часот, во редовниот термин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА