Вечното кошаркарско дерби меѓу МЗТ Скопје и Работнички во рамките од деветтото суперлигашко коло ќе се игра в четврток, со почеток во 17.45 часот во салата „Јане Сандански“ во скопската населба Аеродром.
„Средбата можеби ќе се одигра релативно рано за работен ден што сигурно може да се одрази врз посетеноста на оваа пресметка против најголемиот спортски ривал, но тоа е поради желбата средбата да биде телевизиски пренесувана. Тоа беше единствен термин во кој Македонската телевизија (МТВ) можеше да врши директен пренос од овој меч, нешто што управата на клубот веднаш го прифати не гледајќи го тесниот клупски интерес туку првенствено интересот на целата македонска спортска јавност“ – соопштија од раководството на МЗТ Скопје.
Билетите за вечното дерби се веќе во продажба и тоа по цена од 100 денари, а можат да се купат на билетарницата пред СЦ „Јане Сандански“ како и онлајн преку интернет-страницата http://ticketplus.mk/.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА