Вечното македонско дерби меѓу Вардар и Пелистер, кое по долги години повторно се враќа во Првата македонска фудбалска лига, ќе се игра во недела во вечерниот термин од 20 часот на 18. август на националната арена „Тодор Проески“.
На барање на Вардар, натпреварот од 2. коло во ПМФЛ ќе се игра во вечерниот термин, предлог кој е прифатен од Фудбалската федерација на Македонија.
Во првото коло од новата сезона Вардар загуби со 3-1 на гостувањето против АП Брера во Струмица, а Пелистер ремизираше (1-1) со Гостивар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА