Веднаш кикс на Меси и компанија на Копа Америка: Колумбија ја победи Аргентина по цели 12 години (ВИДЕО)

Аргентина киксираше веднаш на отворањето на Копа Америка! Лионел Меси и компанија во првиот натпревар загубија од Колумбија со 2-0 во Фонте Нова. Триумфот на Колумбијците им го осигураа Роџер Мартинез и Дувал Запата со двата погодоци во второто полувреме.

Мартинез првиот гол го постигна во 71. минута, а конечните 2-0 Запата ги постави во 86. минута…

 

Аргентинците беа нешто подобри во првиот дел, се обидуваа да дојдат до погодок но Колумбија одигра тактички извонредно. Херој на натпреварот беше Давид Оспина кој ги спречуваше сите обиди на противничките фудбалери.

Колумбија ја победи Аргентина првпат по долги 12 години. За Аргентина, пак, ова беше прв пораз на отворање на континенталното првенство по 1979 година. Следниот натпревар за нив е против Парагвај на 20. јуни.

Се вчитува...