Веднаш опомена за англиските клубови: Кој ќе игра во Супер-лигата ќе биде исклучен од Премиер-лигата!

Организаторите на Супер-лигата предводени од Реал Мадрид и Барселона еуфорично ја дочекаа одлуката на Европскиот Суд денеска според која УЕФА и ФИФА немаат право да ги санкционираат екипите кои сакаат да бидат дел од друго меѓународно натпреварување, кое не е под капата на овие организации.

Како што е добро познато, УЕФА ги казни сите клубови кои беа дел од првичниот проект наречен Супер-лига, дел од нив експресно се повлекоа од идеајата, но Реал Мадрид и Барселона останаа доследни водејќи ја оваа правна битка.

На крајот, судот ги прифати аргументите на Супер-лигата дека УЕФА и ФИФА имаат незаконски монопол за организација на меѓународни натпреварувања, јасно ставајќи го знаење дека тоа е забрането и дека можат да бидат организирани и други регионални, па дури и интерконтинентални фудбалски натпреварувања ширум Европа и светот.

Но, откако оваа идеја категорично ја отфрли шпанската Ла Лига, веднаш и од Премиер-лигата опомена за англиските клубови.

Од Премиер-лигата се огласија дека согласно фудбалските реформи во Англија кои ќе стапат на сила од 2024 година и за кои се има поддршка од британската влада, Суперлигата е во директна спротивност со интересите на Англија за промоција и развој на фудбалот. Па, поради тоа, оној клуб кој ќе одлучи да учествува во Супер-лигата ќе биде исклучен од Премиер-лигата или од било кое друго натпреварување во Англија.

Овие реформи се направија како ревизија на оние од 2021 година а токму кога 12 европски клубови, вклучувајќи и шест англиски (Арсенал, Челси, Тотенхем, Ливерпул, Манчестер сити и Манчестер јунајтед) се прогласија за основачи на Суперлигата пред една година.

Но, по протестите на навивачите на овие клубови во Англија, шесте клуба веднаш се повлекоа од овој проект, барем јавност, а во британската влада почнаа да се коваат новите реформи кои ќе стапат на сила од 2024 година.

Се вчитува...