Босна и Херцеговина се квалификуваше за Светското првенство по големата победа во Зеница против Италија. Гостите имаа предност, но БиХ се врати и успеа да израмни, а потоа преку пенали да направи една од најголемите сензации во квалификациите за Мундијалот.
Она што беше многу тажно беше повредата што ја заработи Един Џеко во последните моменти од натпреварот. Џеко веднаш се фати за рамо, а првите прогнози воопшто не се добри.
Најверојатно Џеко ќе мора да оди на операција на клучната коска, а тоа ќе значи дека е неизвесен неговиот настап на Мундијалот.
Канада, Катар и Швајцарија се ривалите на БиХ во групната фаза на Светското првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

