Јувентус ја отвори сезоната со убедливи 3-0 на дуелот против Комо, но Тијаго Мота веднаш по тој премиерен меч се соочи со сериозни проблеми околу составот.
Имено двајца стандардни првотимци, Кефрен Турам и Тимоти Веа, се пожалија на повреди по синоќешниот натпревар, а деталните лекарски прегледи утврдија проблем со мускулите на овие фудбалери. Јуве преку клупско соопштение објави дека Веа и Турам ќе мора целосно да мируваат во следните десетина дена, по што ќе следат нови прегледи на нивните повреди.
Она што е веќе извесно, двајцата ќе ги пропуштат следните две средби на „старата дама“, гостувањето против Верона и домашниот дуел со Рома, а тренерот Мота може да се надева на евентуален камбек по репрезентативната пауза, за гостувањето против Емполи закажано за 15 септември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА