И официјално, голманот Ведран Ќосевски не е повеќе дел од тимот на Струга Трим Лум. Чуварот на мрежата кој беше дел од двете шампионски титули на тимот, го напушта клубот откако двете страни се договорија за меѓусебен прекин, и покрај тоа што договорот беше до 2027 година.
Ќосевски минатата сезона се врати во Струга ТЛ, откако една сезона не беше дел од екипата. Меѓутоа во оваа сезона местото прв голман го зазеде Марко Ангелети, по што Ќосевски го раскина договорот.
Следна дестинација на поранешниот голман на Железничар ќе биде Вардар, каде ќе треба да ја засили конкуренцијата на Давор Талески и Методија Велковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

