Одличен успех на македонската таеквондистка, Ведрана Тунески, член на Таеквондо клуб Бутел, која освои бронзен медал на Г2 турнирот „Бугарија Опен 2026“ во Софија, со три убедливи победи во категорија до 51 килограм.
Ведрана, која е носител на европски пионерски бронзен медал во олимписко таеквондо, на еден од најсилните турнири во светот забележа три големи победи доаѓајќи до бронзениот медал!
Како македонска репрезентативка и член на Таеквондо клубот Бутел, таа на овој Г2 турнир настапи во категоријата до 51 килограм.
Во првата борба ја победи со 2-0 Украинката Анастасија Балич, потоа во втората борба и Гркинката Марија Јоаниду со 2-0, а во третата борба уште една грчка репрезентативка, Марија Андреу. Во битката за финале загуби од Ирката Меистининкаите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

