ЕКИПА во Гдањск,Владимир Булатовиќ, Никола Ѓуровски, Игор Паневски
Како ретко кога се чини младите македонски репрезентативци носат силен оптимизам пред последниот наш натпревар на Европското првенство во Полска, утре против селекцијата на Португалија во Гдиња.
Очигледно беше на денешниот последен тренинг во Гдањск дека секој поединец во македонската селекција цврсто е решен да го даде утре максимумот на последниот заеднички натпревар на генерацијата која ни го донесе најголемиот фудбалски успех во историјата.
Ведри, расположени, полни оптимизам македонските херои го минаа последниот тренинг кој рамноправно со нив го одработи и селекторот Благоја Милевски, творецот на оваа генерација која цврсто стоеше покрај него на патот до најславните денови за мак-фудбалот.
Утре против Португалија треба да биде само заокружување на таа прекрасна приказна на момците кои донесоа светлина на македонското фудбалско небо. И сега, и за во иднина…
[new_royalslider id=”698″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА