Вегхорст: Едвај чекам да давам голови за Манчестер Јунајтед

Воут Вегхорст е подготвен да ги тресе мрежите за својот нов клуб Манчестер Јунајтед. Холандскиот голгетер пристигна на „Олд Трафорд“ оваа зима и ќе го заземе местото во нападот на „црвените ѓаволи“ што остана испразнето со заминувањето на Кристијано Роналдо.

Говорејќи за предизвиците кои следат Вегхорст вели дека е подготвен и ќе даде се од себе за да му помогне на клубот да стигне до големи успеси.

„Сакам да давам голови за Манчестер Јунајтед. Напаѓач сум и живеам да давам голови. Работевме напорно цела недела за да успееме за викендот и подготвен сум за предизвикот. Сакам да му помогнам на клубот и да бидам дел од најголемите успеси“, вели Холанѓанецот.

Се вчитува...