Португалскиот дефанзивец, а по потреба и заден играч за врска, Ренато Веига дојде на позајмица од Челси во Јувентус до крајот на актуелната сезона.
Првите фудбалски чекори овој 21-годишник ги направи во Спортинг, а професионалните во резервниот тим на лисабонскиот клуб.
Пред да го напушти родниот град, тој замина на позајмица во Аугсбург, а сезоната 2023/2024 ја помина во Базел.
Челси минатото лето го доведе Веига, кој потпиша седумгодишен договор, а на швајцарскиот клуб му плати отштета од 14 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

