Американскиот бек Вејд Болдвин од денеска и официјално е нов кошаркар на турскиот евролигаш Фенербахче со кој потпиша двогодишен договор со можност за продолжување на соработката и за дополнителна година.
Дваесетиосумгодишникот последните две сезони ги помина во редовите на Макаби каде се наметна како еден од најдобрите поентери во Евролигата. Претходната сезона бележеше просек од 17.4 поени, 2.5 скокови и 4.9 асистенции на 30 одиграни средби во елитното кошаркарско првенство со што е јасно дека турскиот тим доби ново големо засилување за атак на евролигашката титула.
New Charachter Unlocked! 🔓
Welcome to the 💛💙 family, Wade!#WadeIsHere pic.twitter.com/rIRUGCfqnv
— Fenerbahçe Beko (@FBBasketbol) July 10, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА