Вејн Руни го напушти Ди Си Јунајтед

Вејн Руни го напушти кормилото на МЛС франшиазата на Ди Си Јунајтед. Клубот од американската престолница не обезбеди пласман во плеј-офот на лигата во моментов е деветти на Истокот, но веќе ги одигра сите свои натпревари, додека тимовите зад него се уште не.

Клубот поради тоа денеска соопшти дека Руни, поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед, повеќе нема да го води тимот од Вашингтон.

„Сега е вистинското време. Направив се што е во моја моќ за да го донесам клубот во плеј-офот. Не успеавме да го направиме тоа и време е да заминам“, изјави Руни.

Се вчитува...