Вејн Руни ја освои Белата куќа (ФОТО)

Поранешниот капитен на англиската фудбалска репрезентација и на Манчестер јунајтед, сега играч на ДЦ Јунајтед, Вејн Руни, неговата сопруга Колин и нивните четири сина биле на предбожиќната забава наменета за деца во Белата куќа.

Со фотографии со славниот фудбалер се пофали најмладиот син на претседателот на САД, Доналд Трамп. 12-годишниот Барон бил голем фан на Руни, па затоа лично претседателот Трамп го поканил англискиот фудбалер и неговото семејство. Барон е навивач на ДЦ Јунајтед.

Руни и неговот семејство добиле специјална приватна тура низ Белата куќа.

 

 

Се вчитува...