Менаџерот на Плимут, Вејн Руни е казнет со еден натпревар суспензија поради недолично однесување во победата од 2-1 на домашен терен над Блекбурн Роверс во Чемпионшип.
Руни беше обвинет за неговото однесување во победата над Блекбурн каде беше исклучен поради наводно навреда на четвртиот судија, а по исклучувањето се врати на теренот.
Плимут водеше со 1-0 кога Блекбурн постигна гол за израмнување во 86. минута, што Руни и неговите играчи го оценија како голем превид на судиите, а поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед и Англија почна со навредите кон четвртиот судија.
Руни доби црвен картон од судијата Џејмс Линингтон, а 38-годишникот мина низ тунелот на „Хоум парк“, но се врати на теренот за да ја прослави победата по голот на Морган Витакер во 97. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА