Легендарниот англиски напаѓач Вејн Руни размислува за враќање на Островот. Тој сака да замине од МЛС – лигата на САД каде го носи дресот на ДЦ Јунајтед и да се врати во Англија. Веќе остварил контакти и со Дерби, тимот од Чемпионшип дивизијата, каде би настапувал, но исто така би извршувал тренерска улога, како вовед во новиот предизвик од неговата фудбалска кариера.
Дерби по заминувањето на Франк Лампард за нов менаџер го именува Филип Коку, а тој не би имал против да го има Вејн Руни во тимот, но и како соработник во стручниот штаб. Агентот на Руни, Пол Стретфорд, веќе имал начелни разговори со раководството на Дерби и има позитивни вибрации за реализација на оваа идеја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА