Вејн Руни го одби Тен Хаг, не сака да биде помошник трeнер во сенка

Екс-фудбалерот на Манчестер јунајтед, Вејн Руни ги отфрли сите шпекулации дека следната сезона ќе биде дел од стручниот штаб на новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг.

Како што објави „Атлетик“, легендата на „ѓаволите“ нема намера да го напушти Дерби за да биде помошник тренер во сенка, туку планира да гради самостојна тренерска кариера.

И покрај тоа што испадна од Чемпионшип, откако сезоната ја започа со негатива од 21 бод, Руни најавил дека сака да остане во клубот каде ја заврши играчката кариера и повторно да го изгради. А тоа ќе мора да биде буквално одново, бидејќи во овој момент Дерби нема сопственици, а летово под договор може да има само менаџер и пет играчи.

Со тоа Руни ги отфрли шпекулациите откако неговото име се споменува во контекст на враќање во Јунајтед како помошен тренер на Тен Хаг. Претходно, Руни го одби и матичниот Евертон во јануари кога „карамелите“ му врачија отказ на Бенитез.

Се вчитува...