Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Вејн Руни, нема намера да се откаже од настапот во селекцијата на Англија, односно да се „пензионира“ и да се збогува од дресот на гордиот Албион. Тој не доби повик од селекторот Герет Саутгејт за моменталната акција на националниот тим и денешниот квалификациски дуел со Литванија, но тоа не го премислува да стави крај на репрезентативната кариера.
Руни посакува да биде дел од селекцијата на Англија на Светското првенство во Русија следната година, а дури потоа да замине во пензија. Тој е решен да се бори со конкуренцијата за место во националниот тим, иако сега тоа воопшто не му е загарантирано. Во моментот тој не е стандарден во тимот на Манчестер јунајтед, па оттаму и одлуката на Саутгејт да не го повика во репрезентацијата на Англија.
„Одлучив дека Руни не треба да биде во селекцијата за оваа квалификациска акција. Но, тоа не значи дека вратите му се затворени“, изјави селекторот на Англија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА