Вејн Руни пијан во затвор

Поранешниот капитен на англиската фудбалска репрезентација и на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни во декември бил уапсен поради пијанство на  јавно место. Бил приведен од обезбедувањето на „Метрополитен“ аеродромот во Вашингтон кој се наоѓа во близина на стадионот на неговиот сегашен клуб ДЦ Јунајтед.

Казната што ја платил Руни е симболична, 25 долари плус дополнителни 91 долари за трошоци. Откако во петокот ја платил оваа сума било откажано рочиштето што требало да биде одржано на 24 јануари.

Апсењето на Руни го потврди и портпаролот на полициската станица каде што бил приведен.

Инцидентот денеска го објавија британските медиуми, а веднаш се огласи и ДЦ Јунајтед со соопштение во кое се вели дека случајот е приватна работа на Руни и дека клубот нема да коментира ништо повеќе.

 

 

Се вчитува...