Најдобриот стрелец во историјата на Манчестер јунајтед, Вејн Руни, не е во тесните планови на менаџерот Жозе Мурињо за следната сезона, и најверојатно ќе си замине од „Олд трафорд“. Но, ќе сака тоа и добро да го наплати.
Руни не се сложува со понудата на Јунајтед да добие 10 милиони фунти за предвремен раскин на договорот и да си побара нова фудбалска средина. Тој има опции да се пресели во Евертон, Стоук или во ВБА, но засега е фокусиран на разделбата со Манчестер јунајтед. Руни бара да биде обештетен со 30 милиони фунти, за да се согласи да стави потпис на договорот за раскин на соработката со „црвените ѓаволи“. Секако, преговорите ќе бидат долги и исцрпувачки…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА