Вејн Руни се враќа во Евертон?!

Вејн Руни е главен фаворит за нов менаџер на Евертон, откако „карамелите“ денеска и официјално ја прекинаа соработката со Рафа Бенитез.

Руни моментно ја извршува функцијата менаџер на Дерби, но овој клуб се наоѓа на работ на испаѓање од Чемпионшип откако загуби бодови поради огромните финансиски проблеми со кои се соочува. Екс-репрезентативецот на Англија е среќен во Дерби и би сакал да ја доврши сезоната без оглед на конечниот исход, но понуда од Евертон би била нешто што поранешниот голгетер тешко би можел да го одбие.

„Карамелите“ сакаат што поскоро да доведат перманентна замена за Бенитез, кој денеска доби отказ по катастрофалниот старт на сезоната. Грем Потер веќе бил контактиран, но овој стратег јасно ставил до знаење дека не планира да си замине од Брајтон, по што вниманието сега е целосно насочено кон Руни.

Вејн Руни ја започна својата фантастична играчка кариера на „Гудисон Парк“, носејќи го дресот на Евертон од 2002 до 2004 година, пред да се пресели во Манчестер Јунајтед. Тој одигра 67 сребди за „карамелите“, притоа постигнувајќи 17 погодоци.

Се вчитува...