Фудбалерот на Евертон, Вејн Руни синоќа бил уапсен од британската полиција, поради употребa на моторно возило под дејство на алкохол. Во теков на ноќта полицијата го застанала неговиот автомобил. Руни се враќал дома во Чешир, но поголем дел од вечерта морал да ја мине во полициската станица.
Утринава е ослободен, а ќе треба да се појави во судот на 18. септември, каде ќе му биде одредена и казната. Ваквите ситуации не се изненадување кога станува збор за популарниот „Ваза“. Во текот на неговата кариера, Руни знаеше да биде проблематичен и во периодот кога го носеше дресот на Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА