Веќе е познато кој гигант ќе биде следниот клуб на Левандовски

Роберт Левандовски повторно игра како порано и јасно е дека го следат многу великани. Иако има 37 години, тоа не се чувствува во играта на Полјакот, кој и натаму ги решета противничките играчи. 

Сега доаѓа бомбастичната информација дека Левандовски е на мета на Милан. Милан е познат по доведувањето ветерани со краток рок на траење, Лука Модриќ е најновиот во низата такви, претходно се обидоа со Оливие Жиру, а сега Левандовски би можел да го следи истиот пат.

Полјакот е во последната година од договорот, засега нема индикации дека би можел да остане во Барселона, иако е подготвен да прифати значително намалување на платата за да го продолжи престојот за уште една година.

Сепак, од друга страна Барселона сака да го подмлади тимот со ангажман на Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид, и тоа беше денешната „бомба“.

Се вчитува...