Хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ веќе се поизвесено е пред заминување од Барселона.
Шпанските медиуми тврдат дека Хрватот веќе е решен во јуни да замине од клубот. Неговите последни потези говорат и дека веќе се знае следната дестинација – ПСЖ! Како што пишуваат Шпанците, Ракитиќ веќе ја ставил на продажба куќата во Барселона а неговата ќерка од оваа школска година е запишана во француско училиште.
ПСЖ се обиде да го донесе хрватскиот репрезентативец уште во изминатиов летен преоден рок, но сеодлучи уште една година да остане во Барселона. Сепак, Французите и натаму се упорни а веќе е јасно дека Барселона нема да може да парира на нивната понуда. Поради тоа Хрватот и Барселона се договорија да може да замине за помалку од 125 милиони евра, колку што му е договорната клаузула.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА