Американскиот ММА борец, Џастин Гејџи стана привремен шампион во лесна категорија на УФЦ (до 70 килограми), откако вечерва на настанот УФЦ 324 го победи Пади Пимблет.
Гејџи го победи Британецот во Лас Вегас со едногласна одлука на судиите по феноменални пет рунди „војна“ со својот ривал. Дури и сега, во јануари, многу фанови на ММА го сметаат овој меч за еден од најдобрите во годината, без оглед на тоа што ќе се случи следно во октагонот.
Пимблет доминираше над Гејџи во првите две рунди и ја контролираше борбата, за да во третата рунда, Британецот го погоди Гејџи неколку пати, но неговите удари не беа толку моќни како оние што Американецот ги испраќаше кон него.
Во четвртата рунда, Гејџи ја воспостави иницијативата, во еден момент го испрати противникот на подот со разорен удар, но потоа Британецот се врати во последната минута.
На почетокот од петтата рунда, следеше најголемиот кризен момент за Гејџи откако Пиблет го удри во главата со колено. Сепак, непоколебливиот Американец го издржа и тој удар.
Во продолжението, Британецот конечно го послуша тренерот и се обиде да го собори својот ривал и да ја бара својата шанса на земја. Но, Гејџи се одбрани од сите обиди на противникот, како и од постојаните закани да го нокаутираат, и на крајот, со едногласна одлука на судиите, славеше по оваа навистина исцрпувачка битка.
Gaethje 2 eye pokes, both eyes
+ Groin kick
= ZERO CALLS
WTF ?
& Paddy Pimblett didn’t even care, UNFAZED 😂#UFC324 pic.twitter.com/6h1QA3jRnS— Block Mining God 👁️⃤ (@BlockMiningGod) January 25, 2026
Гејџи го освои „привремениот“ појас во лесната дивизија на УФЦ по втор пат во кариерата.
Оваа година, Гејџи најверојатно ќе се бори против Илија Топурија за статусот на неоспорен шампион, а тоа би можело да биде уште еден епски меч, според најавата.
Ова беше 27-ма победа на Американецот во неговиот 32-ри професионален настап.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

