Веќе нема дилема: Анчелоти и следната сезона на клупата на Реал Мадрид

Карло Анчелоти и дефинитивно ќе ја одработи последната година од договорот што го има со Реал Мадрид, откако на последната средба со Флорентино Перез било договорено соработката да продолжи до јуни 2024.

Италијанецот има договор на уште една сезона, Перез претходно тврдеше дека сака да го задржи, но фановите на Реал стравуваа дека претседателот би можел да се премисли по катастрофалното издание и убедливиот пораз од Манчестер Сити. Сепак, тоа воопшто не се случило, напротив – Флорентино само ја потенцирал поддршката што му ја дава на трофејниот стручњак, јасно ставајќи до знаење дека не планира тренерска смена во текот на летово.

Карло Анчелоти е поврзуван со функцијата селектор на Бразил, но по најновиот развој на настаните веќе нема дилема дека тој ќе остане уште една година на „Сантијаго Бернабеу“, што би значело и дека „кариоките“ ќе мораат да побараат нов стратег како перманентна замена за Тите, кој си замина по разочарувачкиот настап на СП во Катар.

Се вчитува...