Новак Ѓоковиќ го освои олимпиското злато како круна на кариерата во која Србинот урна бројни рекорди на патот до славата, во ера во која за противници долго ги имаше Федерер и Надал, од неодамна и Медеведев, Алкараз, Синер…
А тоа што секогаш кога беше најважно ги победуваше сите овие ривали само го потврдува неоспорниот факт – дека Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња. Откако на богатата колекција на трофеи го додаде и олимпиското злато, станувајќи највозрасен тенисер во историјата што стигнал до вакво нешто, 37-годишниот Ѓоковиќ само го зацементира своето место во историјата – како тениски GOAT (Greatest of all times).
Десет пехари на Австралија Опен, три на Ролан Гарос, седум круни на Вимблдон, четири на УС Опен, 428 седмици на чело на АТП, еден пехар во Дејвис-купот… и уште којзнае колку неверојатни достигнувања на најдобриот на сите времиња – Новак Ѓоковиќ.
Djokovic has won it all 🥇#Tennis pic.twitter.com/q6P6i9tdgd
— Roland-Garros (@rolandgarros) August 4, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

