После девет сезони минати во НБА лигата, високиот српски центар Бобан Мајрановиќ се враќа во Европа. Тој во идната сезона ќе го носи дресот на турски Фенербахче.
За Мајрановиќ веќе неколку дена се шпекулираше дека ќе се пресели во Истанбул, а тоа го потврди и тренерот Шарунас Јасикевичиус кој потврди дека неговиот тим го чека Мајрановиќ.
„Сакаме само Бобан да биде Бобан. Тоа е се. Го чекаме да дојде“, изјави Литванецот после победата над АЕК во подготвителниот период.
Марјановиќ играше за Хјустон, Далас, Филаделфија, ЛА Клиперс, Детроит и Сан Антонио Спарс, а играше и во Црвена Звезда, Мега, Нижни, Жалгирис, ЦСКА Москва, Хемофарм. Последен пат играше во Европа во 2015 кога беше дел од Црвена Звезда од каде се пресели во Сан Антонио.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА