Веќе нема дилеми: Мурињо го скрати одморот за да потпише со Бенфика

Веќе нема никаква дилема, Жозе Мурињо ќе биде нов тренер на Бенфика, со што „специјалниот“ конечно ќе се врати назад во клубот што го напушти пред 25 години, по што Португалецот имаше блескава тренерска кариера.

Бенфика го отпушти треннерот Бруно Лаж по шокантниот пораз од Карабах на стартот од Лигата на Шампионите, а главен кандидат за нов стратег веднаш беше токму Мурињо. Трофејниот стратег беше на одмор по бурната разделба со Фенербахче, но откако разговорите меѓу неговиот агент и управата на Бенфика течеа експресно, тој вечерва веќе слетал во Лисабон, на завршни разговори и потпис на договорот.

Како што информираат португалските медиуми, Мурињо ќе потпише договор до крајот на сезоната 2026/27, а Португалецот веќе добил одобрување и од претседателските кандидати во трката за нов прв човек на Бенфика, во изборот што ќе се одржи на крајот од овој месец.

Се вчитува...