Бројни европски медиуми минатата седмица ја пренесоа информацијата на српски „Информер“ дека Кевин Пантер е решен да си замине од Партизан на крајот од оваа сезона.
Капитенот на „црно-белите“ има уште една година од актуелниот договор со АБА-шампионот и затоа оваа информација делуваше изненадувачки, па денеска реагираше и агентот на Пантер, Харис Пападопулос, решавајќи ги сите дилеми на оваа тема.
„Веднаш да ставам до знаење, тоа се чисти глупости. Можеби на тој портал му фалеле кликови тој ден, па решиле да измислат глупост, не можам да ги објаснам причините. Она што е факт, Кевин Пантер има важечки договор со КК Партизан и тука ќе останем. Нема дилема околу тоа“, изјави Пападопулос.
Под договор со Партизан и за наредната сезона покрај Пантер се наоѓаат уште и Ледеј, Аврамовиќ, Кабокло, Јарамаз и Копривица.
Листата на играчи чии договори истекуваат за два месеци е уште подолга, па неизвесно е дали Смаилагиќ, Нанели, Камински, Трифуновиќ, Анѓушиќ, Доужер, Понитка и Смит и во следната сезона ќе го носат дресот на „црно-белите“ од Белград.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА