Саво Милошевиќ и дефинитивно ќе биде новиот тренер на Партизан, откако управата на „црно-белите“ го избра токму легендарниот голгетер за наследник на Александар Станојевиќ, кој самиот си поднесе оставка по убедливиот пораз на дербито со Црвена Звезда.
Милошевиќ беше прво име што се појави во јавноста по оставката на Станојевиќ, челниците на Партизан во изминатите денови разговараа со уште неколку српски тренери, но на крајот сепак се решија да потпишат договор со Саво, за кого ова е враќање назад на клупата на „црно-белите“ четири години откако го напушти клубот.
Во својот прв тренерски мандат Милошевиќ со Партизан стигна до трофејот во Купот на Србија и успеа да го одведе тимот во групната фаза од Лигата на Европа.
Тој денеска ќе го потпише договорот со српскиот клуб, но со работа ќе почне од понеделник, а тимот на Партизан на гостувањето против Младост Лучани ќе го води Бранко Вукашиновиќ, кој беше асистент во стручниот штаб на Станојевиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА