Веќе нема дилеми: Црвена Звезда извиси за Петрушев

Филип Петрушев дефинитивно нема да се пресели од Олимпијакос во Црвена Звезда пред стартот на новата евролигашка сезона, иако двата клуба имаа постигнато договор за овој трансфер.

Повредата на Мустафа Фал придонесе трансферот да се одложи до завршувањето на Суперкупот на Грција, се требаше да биде финиширано до крајот на септември, но ситуацијата се искомпликува откако се повреди уште еден висок играч на Олимпијакос. Центарот Никола Милутинов го повреди скочниот зглоб пред неколку дена, а деталните прегледи покажаа и оштетување на тетивата, па постои сериозна опасност одличниот центар да паузира и повеќе од два месеца од терените.

Во една таква ситуација, од Олимпијакос јасно ставија до знаење дека нема да пуштат Петрушев да си замине, чувајќи го како важен дел од ротацијата за стартот од сезоната.

Не се исклучува можноста крилниот центар нешто подоцна повторно да преговара со Црвена Звезда, но Олимпијакос е решен да го задржи Србинот најмалку до крајот на оваа календарска година.

Се вчитува...