Веќе никој не можеше да го спаси – Раководството одлучи, Оле доби отказ во Манчестер Ј.

Дојде крај на веројатно најлошиот тренер кој некогаш бил на чело на некој од европските гиганти. Оле Гунар Солксјер доби отказ во Манчестер јунајтед по катастрофалните резултати кои ги бележеше сезонава, е одлуката која е донесена на вечерашниот состанок на раководството на клубот.

Иако веројатно требаше сето ова да се случи многу порано, уште по катастрофата од Ливерпул и поразот од 0-5, чашата ја прелеа денешниот пораз од Вотфорд од 1-2. Последната одлука ќе треба да ја донесе Џоел Глејзер кој ќе му соопшти на Солкјер за отказот во следните 48 часа.

Солксјер дефинитивно по ништо нема да биде запаметен од неговиот претстој на „Олд трафорд“, а најверојатно никогаш веќе нема ни да добие работа во некоја од топ 5 лигите во Европа.

Седна на клупата на „црвените-ѓаволи“ во 2018 година, а во неговиот мандат тимот не успеа да стигне до ниту еден трофеј. Најблиску беше минатата сезона кога во финалето во Лигата на Европа загуби од Вилјареал по изведување на пенали.

 

 

Се вчитува...