Веќе ништо нема да биде исто – ФИФА донесе револуционерна промена

Светската фудбалска федерација (ФИФА) денеска донесе револуционерна промена. Имено на 70. конгрес кој се одржа во Цирих се донесе одлука фудбалерите да може да ја промената репрезентацијата за која настапуваат, но сепак ќе мора да исполнат одредени критериуми.

Според новите правила фудбалерот ќе може да го промени дресот со националните бои само ако за репрезентацијата за која играл не настапил на повеќе од три натпревари и не бил постар од 21 година. Не забележал настап на Светски или континентални првенства, а од последниот настап да се поминати три години, како и да имаат државјанство за земјата во која сакаат да преминат. На состанокот 193 членки на ФИФА гласале за, седум биле против, а една земја членка останала воздржана.

 

Се вчитува...