Веќе очигледно: Абрамович го продава Челси

Последните случувања во Челси јасно посочуваат дека Роман Абрамович сериозно размислува за продажба на лондонскиот клуб. На прво место е проектот околу реконструкцијата на „Стемфорд бриџ“, потоа гласините за се поголемиот интерес на нафтениот магнат Џим Ретклиф да ги купи „сините“ и на крај се поочигледните проблеми кои Русинот ги има со британската влада.

Уште еден знак дека Абрамович планира повлекување од Челси е неговата одлука да се откаже од закупот на централното место во ВИП ложата на „Стемфорд бриџ“, нешто од кое не се откажал почнувајќи од 2011 година па се до денес а за што има потрошено околу три милиони евра.

И англиските медиуми, согласно своите информации, веќе се поинтензивно информираат за намерите на Абрамович и дефинитивно да го продаде клубот чиј сопственик е повеќе од 15 години.

Се вчитува...