Веќе распродаден половина стадион во Хаифа за дуелот Израел – Македонија

Како што информираат израелските медиуми досега веќе се продадени повеќе од 10.000 билети за квалификацискиот натпревар Израел – Македонија кој на 2. септември не очекува на стадионот „Сами Офер“ во Хаифа.

Билетите кои се пуштени во продажба од пред пет дена се по цени од 15 до 50 евра, со тоа што оставени се и дополнителни 1.000 „златни билети“ од централната ВИП ложа по цена од 125 евра. Израелската федерација остави можност и за пакет билети за натпреварите на нивната репрезентација со Македонија и со Шпанија, кој се игра на 5. септември.

sammy-ofer-stadium in haifa

Дуелот меѓу Израел и Македонија ќе се игра на еден од најубавите стадиони во Израел, „Сами Офер“ во Хаифа. Стадионот е со капацитет од 30.870 седишта, во сопственост е на градот, а изграден е во 2009 година. од 2014 година како домаќини на овој стадион играат прволигашите Макаби Хаифа и Хапоел Хаифа.

Се вчитува...