Веќе се знае новиот клуб на Халанд, кој е во дискретен но постојан контакт со „кралевите“

Иако има уште многу до преодниот летен трансфер период следната година, се чини дека веќе е познат новиот клуб на Ерлинг Халанд кој дефинитивно заминува од Англија.

Според шпанскиот „Депортивос“, Реал Мадрид е во постојан но дискретен контакт со напаѓачот на Манчестер сити и неговата агентка Рафаела Пимента.

Интересот на Реал за Халанд се продлабочи откако Килијан Мбапе во последно време се „олади“ кон „кралскиот клуб“ и покрај фактот дека неговиот договор со ПСЖ завршува на крајот од сезоната.

Пред неколку недели Пимента беше во Мадрид каде како гостинка на клубот го следеше мечот меѓу Реал и Порто и веќе тогаш реализирала разговори на темата Халанд.

Се вчитува...