Навивачите на Борусија Дортмунд се обидоа да ги остават без сон играчите на Барселона, палејќи огномет во хотелот во кој беа сместени. Ова е веќе позната тактика на навивачките групи, но резултатот од првиот меч е превисок за фановите на „милионерите“ да се надеваат дека ќе постигнат нешто со ова.
Дортмунд денеска ќе ги дочека „Каталонците“ на својот стадион, со негатива од 4-0 по првиот меч.
Околу полноќ по локално време, група навивачи палеле петарди и огномети. За тоа време фудбалерите веќе биле во своите соби, и се одморале пред дуелот. Не е познато дали тој потег на фановите имал ефект, односно дали успеале да ги разбудат играчите на каталонскиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА