Уште во првото коло во новиот формат во Лигата на шампионите, веќе има два гола кои се кандидати за наградата Пушкаш.
Првиот е на Кенан Јилдиз од Јувентус, кој постигна супер гол на дуелот со ПСВ Ајднховен. Турчинот постигна гол за 1-0 во стилот на Алесандро Дел Пјеро, и стана најмладиот стрелец за Јуве во Лигата на шампионите.
Но, уште поубав беше оној на Дебаст од Спортинг Лисабон. Белгиецот од 25 метри упати силна „бомба“ која експлодираше во голот на Лил. Инаку францускиот тим игра со играч помалку поради исклучувањето на Ангел Гомеш уште во првото полувреме.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА